Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
Државната комисија за спречување на корупцијата  постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси  на седницата одржана 3 јуни 2010 година констатира состојба на судир на интереси поради извршување на две функции истовремено, кај следниве лица:

•    Маја Митрова Стевановиќ е член на Советот на општина Неготино и  истовремено врши функција на директор на Јавната установа Музеј на Град Неготино.
•    Атила Реџепи е член на Советот на општина Тетово и врши функција на ВД директор на јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово.

Од овие причини  во насока на отстранување на настанатата состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати лично до наведените лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажат од извршувањето на едната од двете функции кои во моментов ги извршуваат со што ќе ја отстранат состојбата на судир на интереси во која се наоѓаат.
Маја Митрова Стевановиќ и Атила Реџепи не постапија по барањето на Државната комисија, по што, во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија донесе Одлука  на овие лица да им изрече мерка Јавна опомена .
Во смисла на член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси изречените мерки се објавуваат во средствата за јавно информирање.

•    За лицето Владимир Здавев Државната комисија  констатира дека истиот се наоѓа во состојба на судир на интереси  поради истовремено извршување на функциите претседател на Советот на општина Центар и функцијата директор на Акционерско друштво за пренос на електрична енергијаи управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост - МЕПСО АД Скопје, што е спротивно на член 21 став 4 од Законот за спречување на корупцијата и на одредбите од Законот за спречување судир на интереси  кои не дозволуваат кумулација на функции како појавен облик на судирот на интереси.
Од овие причини  во насока на отстранување на настанатата состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати лично до лицето Владимир Здравев со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршувањето на едната од двете функции кои во моментов ги извршува со што ќе ја отстрани состојбата на судир на интереси во која се наоѓа.
Инаку, согласно со одредбите од Законот за спречување на судир на интереси  во кои е регулирана постапката за утврдување судир на интереси лицето за кое Државната комисија констатира дека се наоѓа во состојба  на судир на интереси е должно во наредниот период од 15 дена сметано од денот на приемот на одлуката со која му се изрекува мерката јавна опомена да превземе дејствија во насока на  отстранување на состојбата на судир на интереси. Доколку тоа не го стори Државната комисија пред надлежниот орган ќе покрене иницијатива за престаноик на вршењето на јавните овластувања или должности.                                    











 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo