Skip to content
Вести
  • Да ја расчистиме корупцијата
  • Да ја расчистиме корупцијата
Јавна Дебата Испечати Е-пошта
javna_debata 11.06.2010 11 јуни 2010 година во Скопје - Клуб на пратеници со почеток во 10 часот во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата  се одржа јавна дебата на тема “ПАРТИСКО-ПОЛИТИЧКО ВЛИЈАНИЕ ВО ДРЖАВНАТА И ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА”
Обемот на корупцијата во јавната администрација преставува значаен показател за оценка за владеење на правото и на човековите права и слободи. Се смета дека корупцијата не е подеднакво раширена во сите сфери. Ја има таму каде што има најмногу можности за злоупотреби и манипулации.
Најчести форми на корупција се провизиите за склучена зделка, потоа, наместени тендери, директни набавки, но и давање на било какви услуги или завршување на некои работи (било да се работи за скратување на законски утврдениот рок, за прогледување низ некои процедури и слично). Како појави на партиско политичко влијание во државната и јавната администрација се детектирани и кронизмот и непотизмот.
Заради пресретнување и намалување на ваквиот тип на корупција ДКСК во постојната Државната програма за превенција и репресија на корупцијата предвиде соодветни мерки и активности за отстранување на проблемите во јавната администрација во столбот Јавна администрација и локална самоуправа. Исто така, активности се предвидени и со постојната Државната програма за превенција и намалување на појавата на судир на интереси.
Од дискусијата на јавната дебата за “Партиско-политичко влијание во државната и јавната администрација” ќе бидат извлечени заклучоци и препораки, кои понатаму ке можат да послужат како материјал односно основа за наредната Државна програма за превенција и репресија на корупцијата во областа на државната и јавната администрација.
  
Присутни учесници на јавната дебата:
-    г-дин Михајло Маневски, Министер за правда
-    г-дин Јован Андоновски, државен секретар во Влада на РМ, СЕП
-    г-ѓа Анита Кипаризовска Крстевска, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Собрание на Република Македонија,
-    г-ѓа Биљана Николовска Жагар, државен советник во Агенцијата за државни службеници
-    г-ѓа Маре Богева Мицовска, Директор на Бирото за јавни набавки
-    г-га Наташа Вртеска, ЗЕЛС
-    Ружица Андроникова, Делегација на Европска Комисија во Република Македонија
-    Г-дин Андру Ки, Амбасадор на Велика Британија во Република Македонија
-    Г-ѓа Симоне Филипини, Амбасадор на Холандија во РМ
-    Г-дин Херман Баскар, Амбасада на Норвешка во Република Македонија
-    Г-ѓа Аманда Тимко, Амбасада на Соединетите Американски Држави
-    Г-ѓа Розита Мреновски, Амбасада на Соединетите Американски Држави
-    Г-ѓа Тања Георгиевска, USAID
-    Г-дин Методи Зајков, Транспарентност Нулта Корупција
-    Г-ѓа Ана Павловска Данова, Транспарентност Македонија
-    Г-дин Суад Месими, Истражувачки центар за граѓанско опшество 
-    д-р Борче Давитковски, професор на Правен факултет
-    д-р Јован Јовчевски, професор на Американ колеџ
-    г-ѓа Маја Малјановска од Министерството за правда
-    г-ца Елена Христовска од Министерството за правда

 
< Претходно   Следно >

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

ТВ Спот

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

ЗЕЛС локална етика

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

BNJVL etika lokale

ДКСК

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
PSM YES
Advertisement
Advertisement

Превземи вести