Skip to content
Вести
  • Да ја расчистиме корупцијата
  • Да ја расчистиме корупцијата
ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА ОД ЈАВНА ДЕБАТА НА ТЕМА: Испечати Е-пошта

СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ ВО ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ

dksk_logo23.07.2010 Државната комисија за спречување на корупцијата, врз основа на изнесените ставови од страна на учесниците на јавната дебата СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ во локалната власт одржана на 15.07.2010 година, ги донесе следните заклучни согледувања:

  1. Големиот одзив на учесници на Јавната дебата за СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ ВО ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ја потврди потребата од организирање на вакви форуми на актуелни теми. Со својот активен однос учесниците придонесоа  кон реално согледување на состојбата со судирот на интереси во локалната власт и разменија мислења за понатамошно делување на институциите во оваа област.
  2. Постои потреба од преземање активности во насока на зајакнување на превенцијата во оваа област преку организирање на дебати, обуки и работилници за службените лица заради континуирано унапредување на познавањата за судирот на интереси и неговите појавни форми.
  3. Различното толкување на законите од оваа материја остава простор за  појава на судирот на интереси на локално ниво и на централно ниво.
  4. Постоечкото законодавство кое го регулира работењето и положбата на локалната власт создава терен за дискреционо одлучување од страна на функционерот, што од друга страна резултира со појава на судирот на интереси на локално ниво. Потребно е да се пристапи кон преиспитување на законите и подзаконските акти заради димензионирање на дискреционите права односно  да се одлучува согласно принципот на законитост.
  5. Постоењето на политичка волја е важен фактор за успешна имплементација на Законот за спречување судир на интереси и за изготвување на успешна стратегија за надминување на појавата на судирот на интереси на локално и централно ниво.
  6. При носењето на законски решенија кои би биле во насока на градење на  одговорна и стручна локална власт, да се вклучи невладиниот сектор, медиумите и експертската јавност.
  7. Во законските измени да се предвиди воспоставување на база на податоци за функционери, што би претставувал алатка и “филтер” со што ќе се спречи исто лице да обавува две или повеќе функции.
  8. При изготвувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и Државната програма за превенција и намалување на појава на судир на интереси, особено внимание да се посвети на активностите за надминување на ризиците за појава на судир на интереси во рамките на локалната власт.
Jавна дебата “СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ во локалната власт”
 
< Претходно   Следно >

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

ТВ Спот

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

ЗЕЛС локална етика

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

BNJVL etika lokale

ДКСК

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
PSM YES
Advertisement
Advertisement

Превземи вести