Студиска посета на НАИ - Романија |
|
|
15.09.2010 Помеѓу 6-10 септември 2010 година, делегација на Државната комисија за спречување на корупцијата оствари студиска посета на Националната агенција за интегритет на Република Романија. Студиската посета беше организирана со поддршка на TAIEX - инструмент на Европската комисија, насочени кон развојот и подобрување на институционалните практики преку размена на искуство со сродни институции во Европската унија.Делегацијата беше примена од г-дин Horia Georgescu, Генерален секретар на Националната агенција за интегритет. За време на средбата, се разговараше за подобрување на соработката, односно за размена на искуства и практики меѓу двете институции.
Во рамките на оваа посета македонската делегација беше и гостин на Регионалната конференција на тема Ефикасни средство во спречувањето и борба против судирот на интереси, каде што покрај домаќинот Националната агенција за интегритет на Романија учествуваа и претставници од сродни антикорупциски тела од Латвија, Бугарија, Турција, Грузија и Полска.
|