Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Соопштенија arrow 9 Декември- Меѓународен ден за борба против корупцијaта
9 Декември- Меѓународен ден за борба против корупцијaта Испечати Е-пошта

Прес конференција  09.12.2010 година- Меѓународен ден за борба против корупцијата

Деветти декември е определен како Меѓународен ден за борба против корупцијата. Имено, од 09. до  11 . 12 2003 година, во Мерида, Мексико – Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата беше отворена за потпишување за сите држави, а потоа, повторно до 09 декември 2005 година, во седиштето на ООН во Њујорк.
Конвенцијата на Обединетите нации за борба против корупцијата е најзначајниот меѓународен антикорупциски инструмент и прв правно обврзувачки меѓународен документ од оваа област. Конвенцијата досега е потпишана од 140 земји членки на ООН, од кои над 70 ја ратификувале, и е глобален одговор на глобалниот проблем со корупцијата затоа што ја третира како прекугранично прашање, а не само во рамките на конкретна држава. Особено е значајна по тоа што обврзува на меѓународна соработка и размена на информации во врска со корупцијата.
Конвенцијата со право може да се нарече МАГНА КАРТА за општествено- економскиот и  правно-политичкиот организиран начин на реакција и однесување на државите, во насока на спречување, откривање и инкриминирање на различните облици на корупција и коруптивни однесувања, како и при меѓусебната соработка и координација на државите во истата насока.
Република Македонија, со тоа што во 2007 година ја ратификуваше Конвенцијата на ООН  формално се приклучи на глобалните процеси за борба против корупцијата.
Овој ден ДКСК, оваа година го одбележува работно, со остварување на редовните задачи.
ДКСК денот го одбележа во услови кога:
е добиен Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во 2010 година, каде што е нотиран сефкупен напредок во  антикорупциската политика,  но исто така има и задачи кои што треба и натаму да се одработат;
- Република Македонија оствари напредок согласно Индексот на перцепција на корупцијата на Транспарентност интернационал – за 2009 година, и  тоа е поместување на 62 место;
Во изминатиот период Државната комисија во остварување на нејзините надлежности , меѓу другото се раководеше и од укажувањата во извештаите на Европската комисија за потребата од зголемување на видливоста на нејзината работа.
Сето тоа се остваруваше:
- Во услови на економска криза каде што особено беа намалени можностите на полето на меѓународната соработка;
       - и во такви услови, меѓунардоната соработка се настојува да се одржи на соодветно ниво, меѓудругото учество на делегација на ДКСК на Четвртата редовна Конференција на Генералното собрание на Меѓународната асоцијација на антикорупциските тела (ИААКА) во Кина; 
       - Конференција во организација на Светска Банка, за здружување на силите за борба против транснационалналниот поткуп во Вашингтон, САД
       -Регионална работилница на експертите што се членови на Механизмот за оценување на Конвенцијата против корупцијата на ОН“ во Белград, Република Србија 
       - Меѓународната конференција на тема: “Меѓународната соработка во спречувањето на судирот на интереси и анкетните листови за имотната состојба - средство за борба со корупцијата “  во Тирана, Република Албанија; итн.
- Посебни активности ДКСК остваруваше на полето на превенцијата на корупцијата и намалувањето на појавата на судирот на интереси. На тој план, во соработка со Академијата за обука на судии и обвинители и локалната самоуправа  се одржаа повеќе работилници и обуки за судии и јавни обвинители и претставници на локалната самоуправа.
- Покрај редовните активности ДКСК, како што е постапувањето по претставките на граѓаните и правните лица, ја започна  работата на изготвување на новите програми за превенција на корупцијата и конфликт на интереси. Заради значењето на овие стратешки документи во нивното изготвување, покрај ДКСК, вклучени се и претставници од релевантните институции. Одржани се 3 работилници на кои што е изграден концептот на стратешкиот дел од програмите. За изготвување на акциските планови на програмите бројот на учесниците, заради детектирање на проблемите и предлагање на активностите за нивно разрешување, ќе биде значително проширен со претставници на институцииите од целиот систем на националниот интегритет. За реализација на овие активности, ДКСК има техничка помош од УНДП и  ЕК.
- Соработката со потписницете на Протоколот за соработка за превенција и репресија  на корупцијата и судирот на интереси е контунуирана и интензивирана
- Интензивирана соработка со невладиниот сектор. Имено покрената е иницијатива за потпишување на Меморандум за соработка за взаемна поддршка за спречување на корупцијата и судирот на интереси со заинтересирани невладини организации.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo