Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
27.01.2011 Државната комисија за спречување на корупцијата на прес конференција одржана на 18 јануари 2011 ги изнесе податоци за своето тековно работење и поднесени иницијативи, и тоа:

I. Работа по предмети од областа на корупцијата

РАСПОЛАГАЊЕ СО СРЕДСТВАТА НА ЈП “МАКЕДОНСКИ ШУМИ”, СКОПЈЕ


Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по предмет за недомаќинското работење на директорот на ЈП “Македонски шуми” - Скопје, Жарко Караџоски, а особено при располагањето со средствата на ЈП “Македонски шуми”, Скопје, донесе заклучок:
    До Владата на Република Македонија да покрене иницијатива за поведување постапка за разрешување на Жарко Караџоски, директор на ЈП “Македонски шуми” – Скопје.

Причини за покренување на иницијативата:

Причина 1.
  •    Од расположивата документација произлегува дека само во текот на 2010 година, оваа јавно претпријатие набавило/користело угостителски услуги од вкупно 6 (шест) угостителски објекти при што:
•    За угостителските услуги во првиот објект е потрошено вкупно 313.370 денари
•    Во вториот објект е потрошено вкупно 98.922 денари
•    Во третиот објект е потрошено вкупно 123.330 денари
•    Во четвртот  вкупно 29.561 денар
•    Во петтиот вкупно 45.899 денари
•    Во шестиот вкупно 81.458 денари

Или вкупно, само за 2010 година, за угостителски услуги, ЈП “Македонски шуми”, Скопје потрошило 692.541 денари (околу 11.500 евра). Тоа е сумата за ручеците и вечерите која ЈП “Македонски шуми” ја исплатила во година на економска криза. Ова дотолку повеќе зачудува ако се има предвид дека години наназад раководствата на ова јавно претпријатие се жалат дека работат или со загуби или дека прикажуваат минимум добивка со тенденција кон нулата.
  •  Од извршената анализа на финансиските картици може да се констатира дека во ист угостителски објект, во текот на еден ист ден, се направени неколку фактури. На пример:

•    На ден 01.02.2010 година, направени се 5 фактури во вкупен износ од 45.723 денари
•    На ден 01.04.2010 година, направени се 6 фактури во вкупен износ од 50.655 денари
•    На ден 01.05.2010 година, направени се 5 фактури во вкупен износ од 31.935 денари

  • Во текот на ист ден, направени се фактури во различни угостителски објекти. Така, на ден 01.04.2010 година, покрај тоа што во првиот угостителски објект се направени 6 фактури за цифра од 50.655 денари, истиот ден направена е фактура и во друг угоститески објект, во износ од 6.000 денари. Што значи дека само во текот на еден, направени се седум фактури и потрошена е сума од над илјада евра.
  • Покрај тоа што за вакви услуги недомаќински се потрошени големи суми, погореизложената анализа дава основа за сомневање дека во добар дел, станува збор за фиктивни фактури, за фиктивни услуги преку кои директорот на претпријатието испумпал пари од буџетот на претпријатието со цел прибавување на финансиска корист за себе или за друг.
Причина 2.
При набавките на артикли за репрезентација, само во текот на 2010 година, биле потрошени вкупно 391.037 денари (околу 6.500 евра).
Ваквата голема сума во добар дел се должи во недомаќинското трошење заради тоа што скоро при секое купување, покрај другите артикли кои обично се дозволени за репрезентација, биле набавени и скапи алкохолни пијалоци од кои најчесто виски. Тоа придонело значително да се зголеми сумата на средствата за репрезентација што е спротивно и со Етичкиот кодекс на членовите на владата на РМ и носителите на јавни функции именувани од Владата на РМ.

Причина 3.
Од расположивата документација може да се констатира дека директорот на ЈП “Македонски шуми” – Скопје, Жарко Караџоски и неговиот возач Љупчо Здравески, месечно примале надомест за одвоен живот во висина од 12.333 денари (околу 200 евра).
Едновремено, при патувањата на релација Скопје-Прилеп и обратно, иако патувале со службеното возило на претпријатието, било засметано и исплатено за патни трошоци како да било користено приватно возило. По овој основ, само во текот на 2010 година, од касата на претпријатието биле исплатени 51.615 денари (околу 850 евра). Со тоа е овозможено прибавување на финансиска корист за себе или за друг, во износ од наведената сума.

Со цел поитно да се прекине ваквиот начин на работење и располагање со средствата на претпријатието, Државната комисија за спречување на корупцијата донесе заклучок до Владата на Република Македонија да покрене иницијатива за поведување постапка за разрешување на Жарко Караџоски, директор на ЈП “Македонски шуми” – Скопје.

Државната комисија освен оваа иницијатива работи и на кривично правниот аспект на фактите во овој случај со цел применување на други алатки од својата надлежност.

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПОВЕДУВАЊЕ ПОСТАПКА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ ДИРЕКТОРОТ НА ОПШТИНСКОТО СРЕДНО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ „ДР. ЈОВАН КАЛАУЗИ“ БИТОЛА

До Државната комисија за спречување на корупцијата, доставена е претставка во која се укажува на нерегуларности при вработување лице во  ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ во Битола, на работно место наставник и покрај фактот што ова лице не ги исполнувало условите за вршење наставничка дејност. Директорката на училиштето, Јасмина Никиќ-Десановска, со цел да го задржи директорското место во училиштето, реализирала незаконито вработувањето на лицето Билјана Петровска, ќерка на советник за образование и наука во Битола.
   
По проучување на наводите од претставката и по разгледување на добиениот одговор од Државниот инспекторат за труд, Државната комисија констатира дека во конкретниот случај директорот на ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ од Битола, Јасмина Никиќ-Десаноска при спроведување на постапката за вработување не ги почитувала процедурите за вработување и несовесно постапила злоупотребувајќи ги при тоа своите службени овластувања пред се поради фактот што знаела дека станува збор за засновање на работен однос на работно место кое не било предвидено во Правилникот за систематизација  на работите и работните задачи.
Во контекст на наведеното Државната комисија, донесе заклучок до градоначалникот на Општина Битола, да достави иницијатива за разрешување на директорот на ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ од Битола, Јасмина Никиќ-Десаноска од извршување на јавната должност - директор.

НЕЗАКОНИТОСТИ ВО РАБОТЕЊЕТО НА ДИРЕКТОРОТ НА
ОУ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”-ТЕТОВО


Постапувајќи по предмет оформен по претставка, во која се укажува на незаконитости во работењето на директорот на Основното училиште „Гоце Делчев“ Тетово, Цветко Видоески, донесе заклучок, до Градоначалникот на општина Тетово да покрене иницијатива за поведување постапка за разрешување на наведениот директор, затоа што на 17.01.2008 година, спротивно на одредите од Законот за работни односи, донел одлука за откажување на договорот склучен за вработување на определено работно време со работникот Катарина Ќирова. Таквата одлука, со правосилна пресуда на Основен суд Тетово, потврдена со пресуда на Апелациониот суд Гостивар, била поништена, а училиштето и директорот, со пресуда на судот, се осудени за сторено кривично дело „ Повреда на правата од работен однос “ по член 166 став 1 и 2  од Кривичниот законик на РМ.

Со своеволното и бесправно раскинување на договорот, директорот Цветко Видоески го оштетил буџетот на училиштето со тоа што казните за стореното дело биле исплатени од истиот. Таквиот начин на работење не му дава за право и понатаму истиот да ја врши функцијата директор на училиштето и поради тоа Државната комисија покрена иницијатива за поведување постапка за негово разрешување.


II. Работа по предмети од областа судир на интереси

ИЗРЕКУВАЊЕ НА МЕРКА “ЈАВНА ОПОМЕНА” НА МИХАИЛО ЏОЛОНГА,

ЃУЛЕР ШАБАНОСКИ, СУЗАНА КРСТЕСКА И ИСЕН ДЕМИРИ


По констатирањето на постоење на судир на интереси, Државната комисија побара од лицата Михаило Џолонга, Ѓулер Шабаноски, Сузана Крстеска и Исен Демири доброволно да се откажат од извршувањето на едната од двете функции кои во моментов ги извршуваат и со тоа да ја отстранат состојбата на судир на интереси во која се наоѓаат.

1)    Михаило Џолонга
- член на совет на општина Битола и
- директор на Јавна здравствена установа „Клиничка болница Битола“ – Битола.
2)    Ѓулер Шабаноски
– член на Советот на општина Пласница
- ВД директор на Општинско основно училиште
3)    Сузана Крстеска
- член на совет на општина Македонски брод и 
- директор на Јавна здравствена установа „Здравствен дом Македонски брод“ – Македонски брод
4)    Исен Демири
– член на совет на општина Врапчиште и
- директор на  Општинско основно училиште „Наим Фрашери“ од село Неготино

Наведените лица во законскиот рок не постапија по барањето на Државната комисија по што се донесе одлука на овие лица да им изрече мерка ЈАВНА ОПОМЕНА.

Доколку по истекот на законскиот рок од 15 дена не известат дека се откажале од едната функција, тогаш Државната комисија ќе побара нивно разрешување од органот кој ги наименувал.

III. Имотна состојба на министерот за одбрана, Зоран Коњановски


Политичката партија “Обединети за Македонија” пред одредено време објави информација дека министерот за одбрана, Зоран Коњановски наводно поседува имот од неколку станови и деловен простор кој не го пријавил во својот анкетен лист доставен до Државната комисија за спречување на корујпцијата.

Како реакција на таквата информација, министерот за одбрана се обрати со писмено барање до Државната комисија согласно нејзините надлежности да ги испита таквите наводи.

Со цел да ја утврди фактичката состојба, Државната комисија, на 23.12.2010 година, како и во постапувањето со сите други предмети од ваков вид, се обрати до Агенцијата за катастар на недвижности, Централниот регистар на РМ и Централниот депозитар за хартии од вредност и побара информација за имотот кој е запишан/евидентиран на име на министерот и на членовите на неговото семејство.

По доставените дописи/одговори од страна на наведените институции и по извршената споредба на добиените податоци со оние од анкетните листови, прозилезе дека не се потврдуваат јавно изнесените наводи од политичката партија “Обединети за Македонија”, односно дека министерот за одбрана не поседува имот кој не го пријавил во својот анкетен лист.

Државната комисија воедно информира дека по овој предмет, претседателот Иљми Селами е изземен од целокупното постапување и одлучување.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo