03.02.2011 На 03 февруари 2011 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Македонскиот центар за лобирање –Битола потпиша Согласност за пристапување кон Меморандумот за взаемна поддршка за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Меморандум за соработка), кој на 28.12.2010 беше потпишан меѓу ДКСК и 17 граѓански организации.
Согласно член 6 од Меморандумот за соработка, ДКСК за пристапувањето на Македонскиот центар за лобирање–Битола кон Меморандумот за соработка, писмено ги извести останатите потписници.
|