Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Испечати Е-пошта
dksk_logo15.02.2011 Постапувајки по предмет за незаконитости во работењето на Ј.А. директор на правното лице Работнички Универзитет Кочо Рацин - Скопје, Државната комисија за спречување на корупцијата донесе заклучок до Управниот одбор на Работничкиот Универзитет Кочо Рацин – Скопје да покрене ИНИЦИЈАТИВА за поведување постапка за разрешување на Јордан Ангеловски, директор на правното лице Работнички Универзитет Кочо Рацин – Скопје.

ПРИЧИНИ:

- Државниот инспектор за труд во текот на 2009 година, извршил надзор од  областа на работните односи кај Работничкиот Универзитет Кочо Рацин – Скопје, по што биле констатирани недостатоци и неправилности во врска со работниот однос на директорот која функија ја вршело лицето Ј.А. иако имал наполнети 64 години возраст и над 15 години пензиски стаж.- Заради отстранување на утврдените неправилности, Државниот инспектор наредил на Работничкиот Универзитет Кочо Рацин - Скопје да се регулира престанокот на работниот однос на Јордан Ангеловски, што од страна на одговорното лице не било испочитувано и покрај фактот што истиот согласно прописите за регулирање на работните односи ги исполнува условите за престанок на работениот однос по сила на закон со оглед што ги исполнува условите за остварување право на старосна пензија.

- Именуваниот ја врши функцијата директор, официјално веќе седма година со статус вршител на должноста,  Имено на функцијата стапил со решение на министерот за образование и наука од 2004 година кога бил назначен како вршител на должност директор. При ова, во законски определениот рок од шест месеци не била спроведена постапка и не бил именуван директор, а  Ангеловски продолжил со вршење на функцијата и во годините кои следеле се до денес.

- Дотолку повеќе, во постапка пред Централниот регистар Ј.А. се запишал како директор на правното лице без ограничувања што не смее да биде случај, со оглед на повеќегодишниот истек на мандатот и во услови на непостоење на законски основ за вршење на функцијата директор вклучително и настапување пред државните, судските и други органи, потпишување на акти и располагање со средствата на правното лице во име и за сметка на истото. УКАЖУВАЊЕ:
Работејки по овој предмет Државната комисија дојде до информации дека оваа област на работа и функционирање на работничките универзитети низ земјата. Имено, оваа област долго време функционира неконтролирано и е препуштено само на себе. Овие универзитети најчесто користат и располагаат со државен имот  кој во отсуство на контрола се подведува на лични или групни интереси. Имајки ги предвид ваквите состојби, Државната комисија ги повикува надлежните органи а пред се министерството за образование и наука и министерството за труд и социјална политика, во соработка со единиците на локалната самоуправа најитно да преземат конкретни мерки и активности за надминување на истите.


 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo