04.06.2011 Согласно со член 84-б став 2 од Изборниот законик секој организатор на изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2011 година е должен еден ден по завршување на кампањата да поднесе финансиски извештај за приходите и расходите на својата наменска жиро- сметка за втората половина од изборната кампања.
Денеска, 4 јуни 2011 година, во канцеларијата на Државната комисија за спречување на корупцијата, во која се дежура со цел излегување во пресрет на организаторите на изборната кампања, во рамките на работното време, своите извештаи за вториот дел од кампањата ги доставија:
Овие извештаи Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш ги објавува на својата веб страница. Стои можноста другите организатори на изборната кампања своите извештаи да ги достават по електронски пат или поштенска пратка.
|