Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
ПРВИЧНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА АНАЛИЗАТА НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ НА ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ИЗБОРНАТА КАМПАЊА
(ДВАЕСЕТИПРВИ ДЕН)
 
logo-kontakt_5009.06.2011 Државната Комисија за спречување на корупцијата, во текот на вчерашниот ден, одржа седница која ја посвети на разгледување на добиените извештаи за состојбата на сметките кои наменски се отворени од страна на организаторите на изборните кампањи за реализација на предизборните активности.Во таа насока, согласно законските обврски, од вкупно 18 организатори на изборната кампања, финансиски извештај доставија 14, додека партиите СДПМ, ОМ, НДУ и ПДП, до денес, немаат доставено финансиски извештај.Тоа, само по себе, подразбира дека Државната комисија за спречување на корупцијата, поднесе прекршочни пријави за непочитување на обврските што произлегуваат од Изборниот законик, што се однесуваат на организаторот на изборната кампања во својство на правно лице.
Исто така, ДКСК, презема соодветни мерки за санкционирање на ДУА, од која до денес немаме известување дали во Буџетот на Република Македонија се вратдени оние 160.000 денари, кои беа пријавени како донација, а согласно Изборниот законик го надминуваа дозволениот лимит од 5.000 евра. Кон поведување иницијатива за казнување, води фактот што ДУА ја нема известено ДКСК за преземеното во рокот што и беше означен.

Од остварениот увид во финансиските извештаи, ДКСК, во оваа фаза може да ги презентира следниве констатации:

  1. За разлика од поднесените финансиски извештаи за првите десет дена од изборната кампања, каде што беше констатирана разнообразност, сега сите пристигнати извештаи, гледано од формален аспект се коректни и истите се доставени во законски пропишаната форма;
  2. Во доставените финансиски извештаи, повторно отсуствуваат средствата од членарината, што согласно Изборниот законик е прво означен извор за финансирање на изборната кампања;
  3. Исто како и првичниот финансиски извештај, и овој пат, освен во извештајот на организаторот на изборната кампања на Национално демократската преродба, во прилог на останатите извештаи не се доставени ниту приходните, ниту расходните банкарски изводи;
  4. Во однос на донациите, кои и во овој случај се покажаа како носечки извори на средства за изборната кампања, во Извештаите се прикажани донаторите, физички и правни лица. За одбележување е тоа што во принцип сите прикажани донации, според износите се во согласност со законскиот лимит за донирање на изборните кампањи – до 5000 евра донација од физичко лице, додека за правните лица, Единство – Челопек, АД Југосуровина и Трготекстил како што најавивме на средината од кампањата, побаравме податоци за завршните сметки на донаторите, како би утврдиле дали донациите се во рамките на законскиот лимит. Во принцип, податоците што ги добивме од Централниот регистер, говорат дека се е во рамките на законскиот лимит, но се уште чекаме одговор од ВМРО – НП да посочат која од трите фирми што настанале од Трготекстил е донаторот, за да може да утврдиме дали и таа донација е во склад со законот. Во поглед на донациите уплатени од правните лица на ж/сметките на организаторите на изборните кампањи во втората половина од кампањата, Стела Интернационал од Куманово и Бетон од Штип, ДКСК, се обрати до надлежните институции со барање да ги добие податоците од завршните сметки на донаторите, како би можеле да направиме соодветни проверки на совпаѓањето на донациите со законски лимитираните износи;
  5. ДКСК побара дополнителни информации за кредитот со кој организаторот на коалицијата предводена од СДСМ ја финансираше изборната кампања, а беше пријавен во рубриката донација, со цел да се констатира со колкав износ кредиторот, во случајов Комерцијална банка АД Скопје ја донирал изборната кампања на коалицијата предводена од СДСМ. Сведоци бевте дека веднаш по нашата прес конференција, од Комерцијална банка А.Д. Скопје демантираа дека станува збор за каква било донација, што упатува на тоа дека податокот презентиран од страна на организаторот на кампањата е неточен. На тоа се надоврза и СРД, кои ги објавија податоците за минутажата на платено политичко рекламирање за првата половина од кампањата. Тие податоци покажуваа многу поразлична слика од онаа прикажаната во првичниот извештај и различна од онаа прикажана во демантот на Комерцијална Банка А. Д. Скопје. Така што ова прашање за Државната комисија за спречување на корупцијата не е затворено. ДКСК го обезбеди рамковниот договор за револвинг кредитот меѓу СДСМ и Комерцијална банка А. Д. Скопје, побара банков извод за состојбата на сметката, од СДСМ побара да и бидат доставени поединечните договори, врз основа на кои, во рамките на договорениот за користење на кредитот се влечени средства наменети за кампањата. Одговор во ДКСК се уште немаме, што значи дека ова прашање  останува и натаму отворено и е предмет на постапување на ДКСК;
  6. ДКСК од финансиските извештаи, констатира дека организаторите на изборната кампања на три политички партии ДУИ, ДПА, ПОДЕМ и коалицијата предводена од страна на ВМРО – ДПМНЕ, имаат потрошено повеќе средства од сметката, од оние што ги имаат обезбедено со приливите. -  ДУИ, од донации, обезбедиле вкупно 4.251.000, а потрошени 7.316.920 денари; ДПА, од донации обезбедиле 669.000, а потрошиле 2.735.368 денари, ПОДЕМ од донации обезбедиле 79.000, а потрошиле 121.000 и на крај, коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, од донации, обезбедиле 31.930.000, а потрошени се 272.256.168 денар. Овие констатации, нудат можност за анализи кои ќе ги направиме по добивањето на финалниот финансиски извештај, но генерално треба да се има предвид дека завршниот извештај треба да го достават после 15 дена од завршувањето на изборите, што значи ж/сметката е отворена во тој период и можни се промени на приходната и расходната страна;
  7. ДКСК, поаѓајќи од своите надлежности, а имајќи ги предвид и овластувањата што произлегуваат од член 13 на Законот за спречување на корупцијата, со писмен допис се обрати до банките во кои беа отворени наменските ж/сметки на сите организатори на изборната кампања и ги побара банкарските изводи на приливната и расходната страна од сметките, за периодот од 16.Мај, заклучно со 3. Јуни, кои ќе бидат предмет на наша дополнителна анализа;
  8. ДКСК, во престојниот период ќе продолжи со дополнителна обработка на пристигнатите финансиски извештаи, особено во делот на расходите по основ на платено политичко рекламирање во електронските медиуми, за што ни се неопходни податоците од СРД, како и податоците од медиумите кои ги очекуваме 15 ден од завршувањето на изборната кампања. Државната комисија за спречување на корупцијата досега ја нема известено јавноста за комуникацијата што и е наметната од страна на Советот за радиодифузија на РМ,  тргнувајќи од потребата секоја институција да ги остварува своите законски надлежности и при тоа да настојува да негува меѓуинституционална соработка со цел ефикасно спроведување на законите, за што впрочем, ДКСК како иницијатор има потпишано Протокол за соработка меѓу 17 институции со надлежности на полето на спречување на корупцијата меѓу кои е и Советот за радиодифузија. За  жал, на ДКСК од СРД и е наметната комуникација изразена со неиздржани обвинувања и обиди за дискредитација и дисквалификација  во очите на домашната јавност и меѓународните претставници за со ваков своевиден притисок да се произнесе позитивно по барање од СРД што е спротивен на режимот од Законот за спречување на корупцијата за време на распишани парламентарни избори и изборна кампања. Со тоа  би му се дало покритие и оправдување на сопственото неприспособено менаџирање на капацитетите на Советот за мониторирање на изборите.  Имено, СРД на 18 мај, значи во веќе започната изборна кампања, достави барање за  позитивно мислење за повеќе десетици нови вработувања и за финансиска поддршка од Буџетот на РМ за набавка на опрема за следење на изборната кампања, потреби кои не се утврдени во Годишна програма на Советот за тековната година, ниту се планирани во буџетот, па оттаму и се работи за вонредни исплати и набавки кои во време на распишани избори се забранети. Тоа јасно произлегува од Законот за спречување на корупцијата и важи за сите институции и корисници на буџетски средства. СРД  упорно одбива да го прифати ваквото мислење на ДКСК, низ повеќекратна преписка самоповикано влегува во надлежностите на ДКСК толкувајќи го во своја полза Законот за спречување на корупцијата, при тоа  не сакајќи да се соочи со битниот факт дека: уште во месец февруари  од Европската комисија на Советот му било предочено во однос на предвремените избори дека ” треба да биде во можност да го спроведе законодавството  и за да  функционира правилно да добие средства и финансиска помош од Владата”. Не е на ДКСК да цени зошто ваквата јасна препорака не е спроведена веднаш и не е побарано кадровското и техничкото зајакнување пред распишувањето на предвремените избори, за што се разбира,  ДКСК не може да презема одговорност, дотолку повеќе што препораката од Европската комисија не значи отворен пат за кршење на законот и можност за вонредни буџетски исплати. Забраната како да важи за сите само не за СДР затоа што тој ги следи вонредните  избори. Оттаму ДКСК постапувајќи надлежно, доследно спроведувајќи го законот, не може и нема  да биде чие и да е покритие и оправдување за пропуштеното и пројавената слабост;
  9. ДКСК смета дека образецот за финансискиот извештај не е соодветен на потребите, односно е ненаменски за прикажување на изворите на финансирање во изборната кампања, заради што е неопходно да се изготви нов образец.
ДКСК констатира дека, благодарение на долгогодишните напори на Комисијата и активниот придонес во подобрувањето на регулативата која го уредува изборниот процес, организаторите на изборните кампањи за прв пат во овој изборен циклус, имаат законска обврска, единаесетиот ден од изборната кампања и ден по завршувањето на изборната кампања, до ДКСК, ДИК и ДЗР да достават финансиски извештај за состојбата на наменската сметка, отворена за реализација на изборните активности, со обврска во неа да ги прикажат сите извори на финансирање на кампањата по износ и вид на донацијата; да ги прикажат расходите и моменталната состојба на ж/сметката. Во ДКСК цениме дека тоа е крупен, позитивен исчекор, за што ќе говориме и по добивањето на финалниот финансиски извештај.
ДКСК ќе оствари целосна и безрезервна соработка со ДЗР во насока на проучување и анализирање на сите податоци до кои ќе дојдеме од банките, а се со цел да се констатираат вистинските извори за финансирање на изборната кампања, да се констатираат евентуални неправилности, кои во рамките на законот би биле санкционирани.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo