Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта

 Заклучни согледувања од меѓународна работилница на тема
“Промовирање на Интегритетот : национални и меѓународни правни механизми и инструменти“

logo-kontakt_5007.07.2011 Државната комисија за спречување на корупцијата  на  04-05 јули 2011 година во Охрид организира меѓународна работилница на тема “Промовирање на Интегритетот: национални и меѓународни правни механизми и инструменти“. Целта на работилницата беше промовирање на интегритетот, моделите на интегритет, праксата, но и предизвиците што тој ги нуди кај земјите членки на Меѓународната мрежа на експерти за интегритет (ИЕН). 
На работилницата учествуваа претставници  од земјите  членки на ИЕН (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Косово, Србија,  Словенија и Шпанија) претставници од Секретаријатот на Регионалната Антикорупциска Иницијатива (РАИ) за Југоисточна Европа, претставници од Амбасадата на Кралството Норвешка во РМ, Амбасадата на Велика Британија во РМ, Делегацијата на Европската Унија во РМ, УНДП, како и претставници на релевантни институции од земјата и медиуми.
Од излагањата и дискусијата на учесниците на дводневната работилница извлечени се и усвоени следните заклучни согледувања:
 
  1. Оваа меѓународна работилница покажа дека земјите/учесници остануваат цврсто во процесот на подобрување на нивната нормативна и институционална рамка за борба против корупцијата како и на подобрување на ефикасноста и ефективноста во нивната имплементација.
  2. Учесниците на оваа меѓународна работилница се согласни дека слабоста или отсуството на интегритет кај носителите на власта и државните институции фаворизира ситуација на корумпираност и власт без интегритет.
  3. Свесни за важноста и тежината на спречувањето на корупцијата, учесниците на меѓународната работилница констатираат дека еден од побитните чекори во тој правец е токму промоцијата, поттикнувањето, развивањето и обезбедувањето на интегритетот како контратеза на корупцијата.
  4. Учесниците исто така констатираа значителни разлики во поглед на нивото на промоцијата и обезбедувањето на интегритетот во секоја од земјите/учесници одделно.
  5. Големо влијание за нивото на постигнувањата во одделни земји за ефикасноста и ефективноста на сузбивањето на корупцијата, судирот на интереси, а посебно во полето на интегритетот како превентивна мерка за намалување на овие појави, има и финансиската состојба, т.е буџетот со кој располагаат овие специјализирани тела за борба поротив корупцијата. Со обезбедување на финансиската стабилност на најдобар начин се обезбедува нивната потребна независност.
  6. Учесниците се согласија дека во секоја од нивните држави одделно, до соодветен степен и конзистентно со нивниот правен систем, треба да поттикнат за усвојување на легислатива и на административни или други ефикасни мерки за да обезбедат интегритет на институциите и на службениците во нив.
  7. За постигнување на оваа цел учесниците на оваа работилница ја согледуваат неопходната потреба за интензивирање на меѓусебната билатерална и друг вид соработка и примена на меѓународните стандарди во оваа област. Искуствата на земјите/учесници на оваа работилница (како Словенија, Србија и делумно БиХ) кои веќе го промовирале и обезбедиле интегритетот во нивните законодавства и практика, се драгоцени за останатите земји/учесници кои што се на почетокот на тој процес. ИЕН мрежата со подршка на РАИ, секако дека значително придонесува во олеснување на соработката која што е потребна за оваа цел.
 
Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo