Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Известување Испечати Е-пошта

Спроведување на самооценка за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата

Скопје, 30 Maj 2012, хотел Арка – Еднодневна работилница, организирана од страна на Министерството за Правда и Државната комисија за спречување на корупцијата, со техничка и финансиска поддршка од УНДП, го означи почетокот на процесот на самооценка на земјата за
спроведување на Конвенцијата на ОН против Корупција (UNCAC), кој се очекува да заврши до крајот на годината.


Целта на работилницата беше претставниците од Министерството за правда, Државната комисија за спречување на корупцијата, клучните државни институции, граѓанското општество и приватниот сектор да се договорат за методологијата на самооценката, официјално да ги
поделат одговорностите и да ги воспостават правилата за соработка помеѓу сите страни.

Процесот на самооценка е можност за отворање на поширок национален дијалог за антикорупциските политики и програми и стимулирање на реформи за спречување на корупција.

“Република Македонија е активен учесник во борбата против корупцијата и на национално и на меѓународно ниво, и ние сме целосно посветени да продолжиме да ги исполнуваме нашите обврски кон Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата, која што ја
ратификувавме во 2007 година”, рече заменик Министерот за правда, Билјана Брискоска Бошкоски во нејзиното поздравно обраќање.

“Конвенцијата на Обединетите нации против корупција е најсилниот правен инструмент на светот за градење на интегритет и борба против корупција. Процесот кој што започна денес е многу важен за земјата бидејќи ќе помогне да се рефлектира се што е направено досега во оваа област и да се постават нови цели за борба против корупција и градење на интегритет”, рече заменик постојаниот претставник на УНДП, Алесандро Фракасети.

Со тоа што се согласи да ја имплементира методологијата за самооценка „Надминување на минимумот, земјата се обврза да постигне повисоки стандарди. Во пракса, ова значи дека земјата сигнализира политичка волја и отвореност како и обврска да создаде поголеми
можности за вклучување на граѓанското општество и градење на доверба.

„Надминување на минимумот“ укажува дека освен Главата III што опфаќа инкриминирање, откривање и казнување и Главата IV што се однесува на меѓународната соработка, што се задолжителни во рамките на првиот круг на самооценка на УНКАК, предмет на самооценка ќе
биде и Главата II што ја опфаќа превенцијата на корупцијата. Со спроведувањето на овој проект Република Македонија ја истакнува својата подготвеност да направи чекор напред, со што, без претерување може да се каже дека повторно се промовира во земја лидер во примената
на иновативни чекори што може да послужат како пример и за останатите држави страни на УНКАК, рече Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, г-ѓа Љубинка Корабоска.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo