Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Судир на интереси arrow Судир на интереси
Судир на интереси Испечати Е-пошта

logo-kontakt_5017.07.2012 Државната комисија за спречување на корупцијата во рамките на своите со закон утврдени надлежности постапуваше по предмет во кој се утврдуваше околноста дали лицето Наташа Габер-Дамјановска се наоѓа во состојба на судир на интереси, поради истовремено извршување на функцијата судија во Уставниот суд на Република Македонија и ангажманот како наставник (ментор) на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје.

Во постапката за утврдување правилна фактичка состојба Државната комисија констатира дека се ова лице се наоѓа во состојба на судир на интереси поради што од истата беше побарано да превземе чекори во насока на отстранување на утврдените повреди на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и Законот за спречување судир на интереси, на начин што доброволно ќе се откаже од извршување на функцијата судија во Уставниот суд на Република Македонија или од  ангажманот како наставник (ментор) на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања.
Лицето Наташа Габер-Дамјановска со допис ја извести Државната комисија за спречување на корупцијата дека се откажува од ангажманот како наставник (ментор) на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Допис со кој се потврдува дека лицето Наташа Габер-Дамјановска, на нејзино барање повеќе не е вклучена во реализацијата на академските студии на Институтот до Државната комисија за спречување на корупцијата е доставен и од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања.
По запознавање со превземените дејствија Државната комисија за спречување на корупцијата утврди дека е настаната промена на фактичката состојба, односно дека е постигнат ефектот од постапувањето на Државната комисија, да се оневозможи злоупотреба на јавните овластувања и должности од страна на службени лица и спречување на можноста приватниот интерес на службеното лице да го загрози јавниот интерес поради што отпаѓа основот за натамошно постапување по предметот.
Во контекст на наведеното Државната комисија за спречување на корупцијата известува дека во смисла на член 23 став 2 од Законот за спречување судир на интереси постапката по предметот за утврдување судир на интереси кај лицето Наташа Габер-Дамјановска се запира.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo