Соопштение |
![]() |
![]() |
![]() 05.04.2013 Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на 05.04.2013 година прими претставка од Сојузот за инднината со која се бара нејзино постапување во врска со имотот на кандидатот за градоначалник на општина Битола Владимир Талески. Постапувајќи согласно со своите законски надлежности Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница отвори предмет по претставката. Државната комисија предочува дека е сосема нереално да се очекува по претставката да се произнесе веднаш. Впрочем така не беше постапено ниту по претставката на ВМРО-ДПМНЕ што се однесуваше на имотот на кандидатот на Сојузот за иднината за општина Центар Андреј Жерновски. Како што беше објавено во соопштението на Државната комисија за спречување на корупцијата од 03.04.2013 година, тој предмет ДКСК го отвори по сопствено наоѓање на 21 март, па откако ги обезбеди сите потребни документи од други релевантни институции предметот го изработи на 03.04.2013 година и за своите заклучоци истиот ден објави соопштение. |
< Претходно | Следно > |
---|