Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

ИПА Твининг проект 2010 Испечати Е-пошта

sredba

23.09.2014 Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка со Сојузната служба за администрација на Германија во седиштето на Делегацијата на Европската унија во Скопје одржа Конференција за започнување на твининг-проектот „Поддршка на ефикасната превенција и борба против корупцијата“.

Проектот е дел од Програмата ИПА 2010 на Европската унија, а партнери во реализацијата на проектот се Република Македонија и Сојузна Република Германија. Проектот е креиран од Државната комисија за спречување на корупцијата и поддржан од Европската унија.

На конференцијата воведно обраќање имаа претставник на Делегацијата на Европската Унија Роберт Лидл, Министерот за Правда Аднан Јашари, Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата д-р Ѓорги Сламков, Амбасадорот на Сојузна Република Германија В.E. Амбасадор Д-р Кристине Д. Алтхаузер, заменик претседателот на Сојузната служба за администрација на Германија Волф Швердфегер и Амбасадорот на Република Полска Н.E. Амбасадор Јачек Мултановски.

sredba

Планираните активности и цели што ќе се реализираат беа презентирани од проектниот лидер на земјата корисник и член на ДКСК Мирјана Димовска и проектниот лидер на земјата членка на Европската унија Михаил Арндт Холгер.

Целта на проектот е подобрување на спроведувањето на домашната правна рамка за борба против корупцијата, зајакнување на националните механизми за спречување и борба против корупцијата, унапредување на соработката меѓу Државната комисија за спречување на корупцијата, судството, извршните органи и останатите важни институции за превенција, откривање, судење и санкционирање на корупциските криминални дела.

 
< Претходно

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo