Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Јавна опомена Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

09.12.2014 Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицата Бујар Мисими, Никола Урдаревски, Александар Ѓорѓески, Кемал Али и Пеце Јовески поради повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интерси и поради кумулација на функции – извршување на две функции истовремено и тоа:

 

1. Бујар Мисими – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Боговиње на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги „МОНДО КОМЕРЦ“ ДООЕЛ експорт – импорт, с. Боговиње - Боговиње

 2. Никола Урдаревски – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Управен одбор на Јавно комунално претпријатие „СКОПСКА ЦРНА ГОРА“ од с. Мирковци - Скопје ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, трговија, транспорт и услуги „АППОЛОН“ Никола ДООЕЛ увоз – извоз, с.Чучер - Чучер Сандево и овластено лице - раководител на подружница.

 3. Александар Ѓорѓески - повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Брвеница на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, трговија, угостителство и услуги „ТАЈСОН“ ДООЕЛ експорт-импорт село Долно Седларце - Брвеница.

4.Кемал Али - повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Чаир на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство и услуги „ЈЕНИ СУЛТАНС“ ДООЕЛ Скопје.

 

5.Пеце Јовески - кумулација на функции – истовремено со функцијата член на Совет на Град Скопје на која е избран на Локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие за државни патишта.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување на судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба на судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување на судир на интереси се обрати лично до наведените службени лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажат од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршуваат, односно да се откажат од извршување на функцијата управител на трговско друштво или установа со што ќе ја отстранат повредата на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси или со откажување на едната од двете функции кои истовремено ги извршуваат ќе се спречи кумулацијата на функции, односно состојбата на судир на интереси во која се наоѓаат.

Бујар Мисими, Никола Урдаревски, Александар Ѓорѓески, Кемал Али и Пеце Јовески не постапија по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување на судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на овие лица да им изрече мерка  јавна опомена.

 

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување на судир на интереси  мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

 

 

 

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo