15.05.2015 Врз основа на одредбите од Законот за спречување на корупцијата (Службен весник на РМ бр.28/02; 46/04; 126/06; 10/08; 161/08 и 145/10) и Законот за спречување судир на интереси (70/07; 114/09 и 06/12), Државната комисија за спречување на корупцијата го издава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се повикуваат сите избрани и именувани функционери да ги применуваат следните укажувања на Државната комисија за спречување на корупцијата:
- доколку имаат промена на личните податоците, адреса на живеење или податоците за контакт наведени во анкетниот лист или изјавата за интереси потребно е за тоа веднаш да ја известат Државната комисија за спречување на корупцијата;
- образецот на анкетниот лист, образецот за пријавување на промени на имотната состојба и изјавата за интереси да се пополнуваат електронски и потпишани да се доставуваат до Државната комисија;
- промените на имотната состојба да се пријавуваат на образецот за пријавување промени на имотната состојба што е објавен на веб страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата;
- наведените обрасци може да се пополнуваат и рачно, но уредно и читливо со внесување на бараните податоци во сите графи;
- во образецот за пријавување на промени на имотната состојба да се прецизира промената, односно да се внесат сите податоци за имотот што се стекнува;
ДРЖАВНА КОМИСИЈА
ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА
|