Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Соопштенија arrow Соопштение
Соопштение Испечати Е-пошта
press 09.12.2010 019

05.06.2015
Државната комисија за спречување на корупцијата на ден 05.06.2015 година одржа работна средба со претставници на Правната канцеларија на Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите при Амбасадата на САД во Република Македонија.

На средбата беа присутни Претседателот на ДКСК Горан Миленков со целиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата, а делегацијата на Правната канцеларија на Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите ја сочинуваа Mansoor Roushania, Braz Kennethc, Kane Regina и Mayberry Linda Caroc.

На средбата се разговараше за тековните предизвици и приоритети кои се присутни на полето на владеење на правото како и можните области за идна помош од САД во рамки на реформата на кривично - правниот систем во Република Македонија.

Претставниците од Делегацијата на Правната канцеларија на Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите при Амбасадата на САД во Република Македонија покажаа особен интерес за начинот, работата и надлежностите на ДКСК, по што од страна на ДКСК детално беше претставена работата на Државната комисија.

На работната средба од страна на претставниците од делегацијата беше покажан интерес со цел претставниците Бирото при Амбасадата на САД во РМ да бидат запознаени со надлежностите, овластувањата и тековното работење на Државната Комисија за спречување на корупцијата, и согласно Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, од страна на членовите на ДКСК, беа детално претставени целите на работењето на Комисијата, и во рамките на претставувањето на работата, Високата Делегација беше запознаена со чекорите кои ги презема ДКСК во борабата против корупцијата и спречувањето на судирот на интереси. Во претставувањето на работењето на ДКСК, заедно со претставниците на Високата делегација преку Амбасадата на САД во РМ, беа разменети искуства на двете земји во борбата против корупцијата, а разговорите и работната средба беше проширена и на други стручни теми кои ја поврзуваат материјата што ја разработува борбата против корупцијата, а имено се разговараше за теми и прашања кои ја опфаќаат кривично правната материја во делот на корупцијата, искуствата на двете земји во рамките на законските прописи кои го опфаќаат работењето во борбата против корупцијата и еконосмките елементи кои влијаат во борбата против корупцијата. Во насока на единствена цел за сузбивање на коруптивни фактори и елементи, од страна на членовите на ДКСК беше истакнато дека од страна на Комсијата континуирано се постапува согласно законските надлежности кои и се дадени на Комисијата во борбата против корупцијата и дека пред Државната комисија за спречување на корупцијата оформени се поголем број на предмети по службена должност и по предлог на самите членови на Комисијата,, а воедно и дека континуирано се постапува по предмети кои се оформени по поднесени барања од страна на граѓани, физички и правни лица, како и од други субјекти кои имаат право да поднесуваат барања до Комисијата за поведување на соодветни постапки за борбата против корупцијата. Од страна на ДКСК, во презентирањето на процедурите според кои постапува Комисијата, беше укажано дека во целост се почитуваат дискреционите и загарантираните права на физичките и правните лица кои поднесуваат барања за поведување на постапки пред ДКСК, како и на лица против кои се поведени постапки, за заштита на нивните лични и професионални податоци, при што тоа беше во целост поддржано од страна на Претставниците на делегацијата на Правната канцеларија на Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите при Амбасадата на САД во РМ.

Работната средба беше позитивен чекор за размена на искуства и мислења од двете страни во борбата против корупцијата и истата беше заеднички поздравена од двете страни. На заедничко задоволство на двете страни, беше оставена можност за остварување на уште дополнителни работни средби, со оглед дека делегацијата на Правната канцеларија на Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите при Амбасадата на САД во РМ, даде поддршка на ДКСК за сите преземени активности и идни планови во борбата против корупцијата.

Од страна на Претседателот на ДКСК, беше искажана спремността и вољата од страна на членовите на ДКСК, како и негова лична заложба, да се соработува со исти или сродни тела и институции во САД.

Повеќе слики можете да видите на линкот

press 09.12.2010 019

On June 5th, The State Commission for Prevention of the Corruption (SCPC) held a working meeting with the representatives of the Legal Office of the Bureau for International fight against narcotics and law enforcement at the US Embassy in the Republic of Macedonia. The meeting was attended by the president of SCPC Mr. Goran Milenkov, who chaired the event and entire composition of the State Commission. On the other side, the Delegation of the Legal Office of the Bureau for International fight against narcotics and law enforcement was comprised by Mansoor Roushania, Braz Kennethc, Kane Regina and Mayberry Linda Caroc.

The current challenges and priorities in the field of the rule of law, as well as the possible areas for US assistance in the frame of the reforms of the criminal-justice system in Macedonia were the main topics of the meeting.

The representatives of the Delegation of the Legal Office of the Bureau for International fight against narcotics and law enforcement expressed a great interest for the manner of work and the competences of the SCPC, which was followed by detailed explanation by Commission members.

During the meeting, the representatives of the Delegation expressed their interest to be familiarized with the competences, authorizations and the current work of the SCPC according to the Laws on prevention of the corruption and on conflict of interests, and the representatives of the SCPC explained in details the goals of operation. The Delegation was familiarized with the steps taken by the Commission in the fight against corruption and to prevent the conflict of interests. During the presentation of the SCPC’s work, exchanged were experiences of both countries in the field of fight against corruption. Also, the dialogues were extended on other topics that connect the matter that elaborates the fight against the corruption, such as topics and issues which cover the criminal-justice matters in the field of corruption, as well as the experiences of the both countries in this area, within the economic elements that affect the fight against corruption.

Aimed at the sole purpose - suppression of corruption factors and elements, members of the SCPC noted that they act continuously according to the legal competences to fight corruption and that the Commission ex-officio established a large number of cases, and also that they act continuously upon the cases established based on complaints submitted by citizens, individuals or legal entities . The Commission also noted that the members fully respect the discretion and guaranteed rights of any person that require initiation of legal proceeding in front of SPCP, as well as respect of the rights of the persons against whom a legal proceeding is initiated. Those rights cover protection of their personal and professional data, and this was completely supported by the representatives of the Delegation of the Legal Office of the Bureau for International fight against narcotics and law enforcement at the US Embassy in the Republic of Macedonia.

This meeting was a positive step for exchanging experiences and posts of the both sides about the fight against corruption, and it was commonly welcomed by both sides. With the mutual satisfaction, a possibility for having additional working meetings like this one was left open, considering that the Delegation of the Legal Office of the Bureau for International fight against narcotics and law enforcement at the US Embassy in the Republic of Macedonia gave the support to SCPC for all the actions taken and for the future plans in the fight against corruption. The President of SPCP expressed his readiness and will, and also of behalf of the members of the Commission, to cooperate with the similar or related institutions in US.

More images in Gallery

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo