Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Интервју Испечати Е-пошта

konferencijathumb

22.07.2015

Интервју со Горан Миленков, Претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата во дневниот весник "Вечер"

3000 ЕВРА КАЗНА АКО ФУНКЦИОНЕРОТ НЕ СЕ ОТКАЖЕ ОД ДВЕ ФОТЕЛЈИ

При случај на судир на интереси, Антикорупциска постапувала по предмети во кои избрани и именувани лица се и управители на фирми. Претседателот Миленков открива дека во повеќето случаи службените лица се откажувале од управителското место. Се работи на кумулација на функции. Најнапред им се остава на лицата по свој избор да излезат од состојбата на судир на интерес. Борбата со корупцијата никогаш не запира, па преку одлуките кои ги носи ДКСК во тој дел фактички се спречува корупцијата таму каде што ја има. Меѓутоа, треба јасно да се нагласи и тоа треба секогаш да се има предвид дека ДКСК не е орган на прогон, не е орган кој мериторно одлучува и не е суд

konferencijathumb

 

Европската комисија, меѓудругото, во последните препораки од Македонија бара намалување на корупцијата. Претседателе, колку успевате да ја спречите корупцијата во земјава, со оглед на вашите надлежности?

Државната комисија за спречување на корупцијата согласно своите законски надлежности и со одлучување по оформени предмети за корупција, вложува максимални напори во борбата против корупцијата, за што впрочем е и формирана Комисијата и нејзината цел за спречување на корупцијата. Борбата со корупцијата никогаш не запира, па преку одлуките кои ги носи ДКСК во тој дел фактички се спречува корупцијата таму каде што ја има. Меѓутоа, треба јасно да се нагласи и тоа треба секогаш да се има предвид дека ДКСК не е орган на прогон, не е орган кој мериторно одлучува и не е суд. Државната комисија за спречување на корупцијата е орган кој иницира постапки пред органите на прогон со акти согласно законот и со сигурност тврдам дека ефикасно се бориме за спречување на корупцијата. Државната комисија за спречување на корупцијата како приоритетен ангажман во агендата на својата работа, ги постави сите активности во насока на отпочнување на процесот за донесување на новата Државна програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси 2016-2019 што претставува стратешки документ на Република Македонија за борба против корупцијата и во смисла на ова веќе е формирана Координативна група за нејзино изготвување, составена од членови на ДКСК и претставници од Секретаријатот на ДКСК. Дополнително ќе бидат вклучени и други државни институции, Академијата за судии и обвинители, невладиниот сектор, претставници од стопанските комори и експерти од оваа област. Државната комисија за спречување на корупцијата во текот на 2015 година ги спроведува планираните активности од Твининг проектот "Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата". Твининг проектот е дел од Програмата ИПА 2010 на Европската унија, а партнери во реализацијата на проектот се Република Македонија и Сојузна Република Германија. Целта на овој проект е унапредување на спроведувањето на националната правна рамка за борба против корупцијата, зајакнување на националните механизми за превенција и борба против корупцијата, натамошно унапредување на соработката меѓу ДКСК, судството, агенциите за спроведување на законите и останатите релевантни институции во областа на превенирањето, детектирањето, обвинителната постапка и казнувањето на криминални акти, поврзани со корупција. Како резултат од проектните активности, ќе се постигне консолидација на правната рамка и ќе се унапреди соработка во секторот - спречување и борба против корупцијата. Континуирана е соработката со Министерството за правда и другите државни институции преку планот на активности со листа на итни реформски приоритети во кои, меѓудругото, се дадени препораки и во делот на антикорупциски политики и законодавство и во однос на ова постои континуирана соработка со надлежните институции која се остварува преку работни средби на кои се разговара и се координира работењето помеѓу ДКСК и наведените институции во делот на борбата против корупцијата и спречувањето на судирот на интереси. Секако, ДКСК активно учествува како носител, негде како учесник, за доследно спроведување на препораките на ОБСЦЕ и ОДИХР, посебно во делот на спроведување на антикорупциските политики, преку исполнување на определени мерки преточени во спроведување на активности се со цел целосно исполнување на планот, секако во рамките на нашиот постојан општествен и правен систем. ДКСК активно ќе учествува во работната група за воспоставување правен и институционален механизам за заштита на укажувачите. Соработката на регионално ниво постои редовно, договорени се потпишување на меморандуми за соработка со претставниците на антикорупциските тела на Р. Србија, Р. Бугарија, Албанија, Молдавија и Полска со што прецизно ќе се определат мерките и активностите на билатерално ниво меѓу исти или сродни институции на државите-членки на регионалните иницијативи.

Колку носителите на јавни функции ја почитуваат обврската да поднесат анкетни листови за имотната состојба?

Согласно законските надлежности на Државната комисија за спречување на корупцијата беше потребно да се увиди состојбата со предметите по кои постапува ДКСК, односно бројот на предмети во делот за корупција, бројот на предмети во делот на спречување судир на интереси, понатаму постапувањето на ДКСК по тие предмети и понатамошно продолжување со постапување по истите. Во периодот од изборот на новите членови на Државната комисија за спречување на корупцијата заклучно со 1.7.2015 година, од страна на избраните и именуваните функционери до ДКСК се поднесени: 43 анкетни листови по избор на функција, 14 анкетни листови по престанок на функција, 81 известувања за промени во имотната состојба, 4 анкетни листови/известувања за промена на функција и 3 анкетни листови/известувања за повторен избор на иста функција. Може со задоволство да констатираме дека функционерите ја исполнуваат законската обврска за доставување на анкетен лист за имотната состојба. Имено, од страна на ДКСК, кон крајот на мај и почетокот на јуни 2015 година, беше изготвено е соопштение до сите избрани и именувани лица кои имаат законска обврска за поднесување на анкетен лист и изјава за судир на интереси, со укажување за начинот и формата за пополнување на податоците, дека истите треба да се пополнуваат електронски, со точни адресни и лични податоци, да се избегнува рачното пополнување, за единствено доставување на електронски пополнети обрасци на анкетни листови и изјави на интереси, за итноста од известување на ДКСК од страна на сите избрани и именувани лица доколку постои промена во наведените лични и адресни податоци со податоци за контакт од нивна страна. Ефектите од Јавното соопштение се евидентни, се почитувани препораките од страна на ДКСК, на начин што на дневна основа се доставуваат обрасци со точни податоци и можноста за грешка во податоците е сведена на нула. Евентуалните промени на податоци или на промената на имот се внесуваат во системот на ДКСК веднаш, а во рок од неколку часа се видливи и на веб страницата на ДКСК.

Се обидува ли некој од функционерите да прикрие што се поседува во анкетните листови што ги доставуваат до Антикорупциска?

Од досегашното наше искуство како Комисија и од увидот кој го има ДКСК во податоците за законската обврска на именуваните и избрани функционери за пријавување на имот, можам да кажам дека се помалку, се случаите на неподнесување анкетни листови согласно Законот од страна на тие лица. ДКСК претходно, а и сега континуирано ги следи сите нови состојби на лицата кои се избрани или именувани како функционери, така што не се констатирани големи неправилности во тој дел. Меѓутоа доколку ДКСК утврди дека определен именуван или избран функционер ненавремено достави анкетен лист за својата имотна состојба, во тој случај се поведува постапка согласно Законот за спречување на корупција. Дали определен функционер прикрива или не доставува нова или променета состојба до ДКСК тоа прашање исто така будно се следи, а како што и претходно кажав, ако се констатира дека се прикрива имот тогаш се поведува постапка согласно Законот. ДКСК врши редовна проверка на анкетните листови на функционерите и доколку констатира дека анкетниот лист не е пополнет во целост или со погрешни податоци ДКСК постапува согласно своите законски надлежности.

Според законот, едно лице може да биде носител само на една функција, но Антикорупциска детектира и судир на интереси, односно две функции истовремено. Од која функција најчесто се откажуваат фунционерите, а што одбираат?

ДКСК постапувала по предмети во кои избрани и именувани лица се и управители на фирми. Во повеќето случаи службените лица се откажувале од управителското место. Се работи на кумулација на функции. Најнапред им се остава на лицата по свој избор да излезат од состојбата на судир на интерес.

Колку функционери се казнети и со колкава глоба ги санкционирате?

Државната комисија за спречување на корупцијата во континуитет врши проверка на изјавите за интереси поднесени од службените лица и врз основа на таа проверка по сопствена иницијатива оформи 20 предмети каде беше констатирано постапување спротивно на одредбите од Законот за спречување судир на интереси (кумулација на функции и повреда на член 9) и од овие лица е побарано да ја отстранат констатираната повреда на истиот закон. Во случај кога службените лица нема да поднесат или ненавремено ќе поднесат изјава за интереси, ДКСК поведува барање за прекршочна постапка до Основен суд. ДКСК во наведениот период достави 20 жалби против првостепени пресуди донесени во прекршочни постапки што ги поведе во 2013 година против членови на Советот на повеќе општини. Со нив ДКСК бара при одмерување на глобата за сторениот прекршок првостепениот суд да има предвид дека за овој вид прекршок Законот за спречување судир на интереси, предвидува глоба во висина од 1.000 до 3.000 евра, поради што смета дека првостепениот суд во конкретниот случај требало да изрече глоба во износ не понизок од минималниот предвиден во истиот закон.

Кога може да се очекува најавуваниот Регистар на функционери и што очекувате со оваа новина? Колку тоа ќе придонесе во поефикасна борба против корупцијата?

 

Воведен е Регистар на избрани и именувани лица со Измените на Законот за спречување на корупцијата што се однесуваат на утврдување на надлежност на ДКСК "водење Регистар на избрани и именувани лица, одговорни лица во јавни претпријатија, јавни установи или други правни лица кои располагаат со државен капитал" се усвоени на 12 јуни 2015 (Сл. весник на РМ бр. 97/15), а ќе се применува после една година од денот на неговото донесување. Измените на Законот за спречување на корупцијата што се однесуваат на утврдување на надлежност на ДКСК "водење Регистар на избрани и именувани лица, одговорни лица во јавни претпријатија, јавни установи или други правни лица кои располагаат со државен капитал" се усвоени на 12 јуни 2015 (Сл. весник на РМ бр. 97/15) и ДКСК во утврдениот рок ќе го донесе подзаконскиот акт за формата и содржината на образецот, како и содржината, формата и начинот на водење на Регистарот. Со воведувањето на регистар на избрани и именувани функционери ќе се воспостави интерконекција на база на податоци на повеќе институции и со новото софтверско решение ќе се овозможи системот сам да исфрла податок кога некое лице не ја исполнило својата законска обврска за поднесување анкетен лист за избор, престанок на функција или за промена на имотна состојба. Секако, мора да се истакне дека веќе од страна на ДКСК, донесен е и образецот за избрани и именувани лица, како составен дел на регистарот на функционери, а во тек е подготовката за донесување и на Упатството за пополнување на овој Образец. Отпочнати се и активности за донесување на Методологија за антикорупциска проверка на легислативата.

Колку предмети имате отворено и каква е соработката со другите институции?

 

Да, постои соработка. Државната комисија за спречување на корупцијата има потпишано Протокол за соработка за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси со повеќе институции: Управа за јавни приходи, Јавно обвинителство на РМ, Државно правобранителство на РМ, Судски совет на РМ, Министерство за внатрешни работи, Државниот завод за ревизија, Царинската управа, Управата за финансиска полиција, Дирекцијата за спречување перење пари, Централниот регистар на РМ, Државната комисија за жалби по јавни набавки, Советот на јавни обвинители, Советот за радиодифузија, Комисијата за хартии од вредност, Државната изборна комисија, Бирото за јавни набавки и други, кои ја потврдуваат заедничката заложба да дадат свој придонес за унапредување на соработката и координацијата на активностите во превенцијата и репресијата на корупцијата и судирот на интереси во Република Македонија. Во периодот од изборот на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата, од 14.4.2015 година заклучно со 1.7.2015 година, ДКСК постапува по 23 предмети од областа на нејзините надлежности по однос на евидентирањето и следењето на имотната состојба, од кои два се наследени од претходниот состав на ДКСК додека 10 се оформени по доставени пријави во наведениот период. Со започнување на мандатот на новиот состав на ДКСК беше извршено примопредавање на 111 предмети од областа на судир на интереси, чие постапување беше во тек. Во периодот од изборот на новиот состав на ДКСК до денес се отворени вкупно 42 нови предмети. Истите, се оформени по пријави и барање за мислења, поднесени од службени лица, нивни претпоставени, односно функционери кои раководат со државните органи, од анонимни подносители, како и по пријави од други заинтересирани лица. Од новоотворените предмети завршени се 25. Со започнување на мандатот на новиот состав на ДКСК беше извршено примопредавање на 105 предмети од областа на корупцијата, чие постапување беше во тек. Во периодот од 14.4.2015 до 1.7.2015 година во ДКСК се оформени вкупно 37 нови предмети оформени по пријава за постоење елементи за корупција од граѓани, правни лица и други. Во наведениот период ДКСК постапуваше по вкупно 79 предмети, од нив решени се вкупно 39 предмети.

Дали Антикорупциска ќе постапува по прислушуваните разговори?

 

Во врска со ова прашање, и сите прашања кои се поставени или би биле поставувани, немаат целисходност да се коментираат. Отпочната е сеопфатна правна процедура, се води јавно обвинителска постапка, вклучени се органите на прогон, сето ова како севкупна судска постапка. Од овие причини нема целисходност да се коментира. Да ги оставиме правосудните органи да си ја вршат својата работа. Секаков коментар на една сеопфатна правосудна постапка би значело мешање во работата на правосудните органи, така што секоја правосудна, односно судска постапка не се коментира, па согласно правосудните морални норми, секоја постапка вклучувајќи ја и таа на која се однесува Вашето прашање, треба да се почитува се до нејзиното завршување.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo