Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна
Демант Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

04.04.2016

 

Почитувани,

Во насока на објективно информирање на јавноста, а во врска со вест објавена од електронскиот медиум сакамдакажам.мк и пренесена од libertas.mk и reporter.mk , со насолов: “По специјалниот обвинител доаѓаат и специјални антикорупционери“, на ден 3 април 2016 година, ги демантираме тврдењата изнесени во конкретниот текст, дека Државната комисија за спречување на корупцијата наскоро ќе добие уште пет специјални антикорупционери кои ќе работат паралелно со веќе постоечките седум членови на Комисијата.

Тврдењата изнесени во наведените електронски медиуми се неточни и станува збор за елементарно непознавање на законските прописи. Се работи за редовен оглас за вработување согласно систематизацијата за работни места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Антикорупциската проверка на легислативата, како исклучително важен превентивен антикорупциски механизам што се применува во голем број земји, е една од мерките од приоритет 1 – Владеење на правото и правосудството – Антикорупциски политики и законодавство, утврдени во Планот на активности на Владата на Република Македонија во согласност со Листата на итни реформски приоритети за Република Македонија доставен од страна на Европската комисија.

Антикорупциската проверка на легислативата претставува унапредување на спроведувањето на надлежноста на Државна комисија за спречување на корупцијата утврдена во Законот за спречување на корупцијата и Законот за спречување судир на интереси и како компетентен орган во областа за која е основана ДКСК донесе и усвои Методологија за антикорупциска проверка на легислативата и во процедура е формирање на Одделение за антикорупциска проверка на легислативата во рамки на Секретаријатот на ДКСК, за чија што реализација беше објавен оглас за вработување на 5 извршители.

Укажуваме дека не станува збор за нови специјални членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, туку за лица кои ќе работат во новоформираното Одделение за антикорупциска проверка на легислативата во рамки на Секретаријатот на ДКСК.

Со вакво постапување, не само што се создава погрешна перцепција во јавноста, туку и се прекршуваат принципите на професионалното и етичко новинарство. Истовремено, упатуваме апел до медиумите за проверка на релевантноста и точноста на информациите пред нивно објавување и консултација со институцијата чие име се користи.

Со почит,

Државна комисија за спречување на корупцијата

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo

Превземи вести