Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение за ОКТА и Фершпед Испечати Е-пошта
30. 08. 2007      Државната комисија за спречување на корупцијата, на денешната седница, меѓу другото расправаше за случајот ОКТА, од аспект на иницијативата за кривично гонење покрената од Комисијата во 2003 година и актуелните случувања по денесувањето на пресудата од Парискиот арбитражен суд.

Државната комисија ја реафирмира иницијативата од 25 септември 2003 за поведување кривична постапка против одговорни лица инволвирани во склучувањето на договорот за купопродажба на акции и концесија меѓу Владата на Република Македонија и Акционерското друштво EL.P.ET. - Balkanike, компанија која е контролирана од страна на Hellenika Petroleum S.A. и Meton-Etep S.A. од 8 мај 1999 година.  

Државната комисија сметајќи дека е недозволиво што четири години не е постапено по иницијативата цени дека нејзиното процесуирање има директно влијание врз валидноста на договорот за купопродажба и штетите од него. 

Комисијата утврди дека и по периодот од иницијативата од 2003 година па наваму има индикации за нејзино надлежно постапување и во таа насока очекува да и биде доставена веќе побараната пресуда од Парискиот арбитражен суд. Комисијата ги утврди нејзините идни чекори за овој случај меѓу кои е и нејзината подготвеноста да партиципира во натамошното постапување во врска со пресудата. 

Во врска со тужбата на Државното правобранителство за поништување на приватизацијата на Фершпед, Државната комисијата смета дека конечно е преземено дејствието кое што Државната комисија го побара од Јавното правобранителство уште во 2003 година, кога врз основа на неспорни факти поднесе иницијатива за поништување на договорот за продажба на  Фершпед и со тоа на целокупната трансформација на Фершпед изведена врз овој ништовен договор. Со цел да придонесе кон процесуирање на својата иницијатива, Државната комисија во изминатите неколку месеци му ја отстапи на Државното правобранителство потребната документација за овој случај.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo