Соопштение за одржана јавна седница |
![]() |
![]() |
09.12.2016 1. Државната комисија за спречување на корупцијата на ден 09.12.2016 година одржа јавна седница на која беа разгледани поднесени приговори од Коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија- Скопје, преку овластено лице Стевица Јосифовски, Здружението Транспаренси Интернешнел Македонија, Наталија Белчевска од Валандово и Општина Студеничани, во врска со член 8-а и 8-б од Изборниот законик. 2. Постапувањето по приговорите беше согласно член 74 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 43/13, 14/14, 30/14, 196/15) и усвоената процедура на ДКСК за постапување по овој вид приговори. 3. На седницата ДКСК, во рокот не подолг од пет дена од приемот на приговорите утврден во членот 74 од Изборниот законик, постапи по поднесените приговори, ги испита наводите од приговорите, по што донесе заклучоци за натамошно постапување на ДКСК и утврдување на фактичката состојба во конкретните случаи. 4. Постапувањето на ДКСК по поднесените приговори е во тек. |
< Претходно | Следно > |
---|