Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
logo-kontakt23.04.2008 Државната комисија за спречување на корупцијата, по пројавениот интерес во јавноста, во рамките  на своите надлежности отвори и постапуваше во предмет поврзан со набавката на електрична енергија за потребите на Р.Македонија за период од 1 јануари до 31 декември 2008 година. Откако ги прибави потребните документи за предметната набавка од АД Мепсо и по нивно разгледување Државната комисија оцени дека треба да ја информира јавноста за следното :
- Одлуката за набавка на електрична енергија е во согласност со потребите на државата, а постапката за објавување на меѓународниот отворен повик бр. 72/2007  е во согласност со Законот за јавните набавки ;
- На овој меѓународен отворен повик учествувале (7) седум странски фирми специјализирани за ваков вид на дејност, а Комисијата за јавни набавки, согласно отворениот повик и Законот за јавните набавки поради некомплетност на документацијата не разгледувала (3) три од поднесените понуди ;
- Во постапката на отварање на понудите сите понудувачи биле застапувани од овластени претставници и притоа ниту еден од нив немал забелешки и немал поднесено приговор за текот и начинот на отварањето на понудите ;
- Врз основа на критериумите содржани во јавниот повик Комисијата за јавни набавки и Комисијата за техничка евалуација извршиле рангирање на полноважните понуди со детално образложение и табеларен приказ по месеци и по понудувачи ;
- Како резултат на евалуацијата на полноважните понуди и врз основа на вкупниот добиен број на бодови Комисијата за јавни набавки доставила до Управниот Одбор на АД Мепсо предлог за избор на најповолен понудувач ;
- По предлогот на Комисијата за јавни набавки Управниот Одбор за најповолен понудувач ја избрал фирмата ENERGY FINANCING TEAM  Швајцарија, а Комисијата за јавни набавки до сите понудувачи испратила известување согласно со член 55 од Законот за јавните набавки со правна поука дека согласно членот 92 од Законот незадоволниот учесник може да поднесе жалба во рок од 7 дена од денот на приемот на известувањето ;
- До Комисијата за жалби по јавни набавки, во дозволениот рок, ниту еден од учесниците нема поднесено жалба на одлуката за избор на најповолен понудувач.

Согласно со се горенаведено Државната комисија за спречување на корупцијата во постапката по меѓународниот отворен повик бр. 72/2007 не утврди поврзаност на одлуката за избор на најповолен понудувач со лицето К. Анѓушев за кое се тврди дека финансира политичка партија во РМ.
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo